Skip to main content

Поповиќ нова директорка на Охридско лето

Министерството за култура на Р.Македонија назначи 22-ца нови директори на национални установи во областа на културата во Македонија. Во Охрид и Струга назначени се нови директори на следниве институции:

 |   | 

– На НУ Фестивал „Охридско лето“ – повторно директор од Скопје. Со оваа престижна институција ќе раководи Наташа Поповиќ, професор по пијано, која живее и работи во Скопје.

– На манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ е назначен Тодорче Тасевски.

– Со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга ќе раководи Николина Велкоска Глигороска.

– Нов директор на Музејот д-р „Никола Незлобински“ Струга е Денис Сефиданоски.