Skip to main content

Во станбен комплекс на улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење

 Во станбен комплекс на  улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење. Пукната е водоводна цевка во деловен простор после контролно водоводно броило на МЈП Проаква. Обврска е на Куќниот совет и заедницата за домување да  направат  дислокација на водоводната цевка која минува низ деловните простори за да се спречи водоизлевањето.

 |  Валентина Неловска  | 

На улицата Ѓорче Петров, во станбениот комплекс скоро два месеци истекува вода за пиење и ги поплавува јавните површини околу зградите, реагираат станарите. Тие барале од Проаква да го решат проблемот. Директорот на МЈП Проаква, Владимир Алексијески потврдува дека во населбата имаат проблем со пукната цевка. Нивните служби детектирале дека станува збор за пукната цевка во деловен објект кој се наоѓа после нивното контролно водоводно броило. Директорот кажува дека во два наврати службите реагирале да се сопре излевањето на вода за пиење, но еден од сопствениците на деловните објекти не дозволувал да се копа и да се направи раздвојување на водоводната цевка која минува низ објектот. Проаква дури и ги затворила вентилите, но регирале станарите кои редовно си ги подмируваат сметките за потрошена вода, напоменува Алексијески. Решение за проблемот има и тие мора да го почитуваат, додава директорот на Прокава.

„ Тие мислат дека имаме ние загуба на вода , но загубата е обострана. Дефектот на водоводната инсталација е после контролниот мерач и ние го регистрираме. Потрошеното количество на вода ќе падне на товар на сопствениците на становите и на деловните простории“, вели Алексијески.

Утрово, претставници од Куќниот совет се сретнале со директорот на Проаква. На средбата им било сугерирано решение. За да се стопира водоизлевањето од водовната мрежа треба да изведат дислокација на линијата која порано се спроведувала под деловните објекти, вели Алексијоски.

„ Одстранување на водоводната инсталација да не оди под деловните простории туку да се изведе на друг начин. Куќниот совет имаат соработка со Урбан инвест да разговарата и да го решат проблемот, инфромира Алексијески.

Заедницата за домување сега има обврска да ги извести сопствениците на становите и деловните објекти од станбената зграда за да изберат фирма која ќе ја дислоцира водоводната линија и ќе се спречи понатамошното излевање на вода за пиење.