Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Неодговорноста на Стојаноски ги остави учениците без бесплатен превоз на почетокот од учебната година

Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но само во случај кога е распишан тендер за нова набавка, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

Градоначалникот Јован Стојаноски заборавил на обврските кои со себе ги носи почетокот на учебната година. Покрај тоа што не реновирал ниту едно училиште, не набавил опрема или средства за воспитно-образовниот процес, Стојаноски заборавил да распише тендер за превоз на ученици, обвини на денешната прес коференција Сашо Донев претседател на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид.

„Деновиве набрзина ги задолжил училиштата сами групирани по неколку да објават тендери и да ја исполнат обврската. Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но само во случај кога е распишан тендер за нова набавка“, вели Сашо Донев – претседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид прашуваат дали неодговорноста кон учениците што се оставени без бесплатен превоз на почетокот од учебната година е европски принцип за градоначалникот Стојаноски.

„Градоначалникот Стојаноски место да обезбедува современи услови во образованието, се  насочува кон уништување на истото. Доволно е само совесно да работи и да не чека последен момент затоа што учениците треба да имаат безгрижно и безбедно образование“ посочува Сашо Донев – претседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Од ОК на ДПМНЕ со потсетување до охридскиот градоначалник, да не заборави дека доаѓа зима, за да објави тендер за набавка на нафта за да не смрзнуваат  децата во зимата која доаѓа.