Skip to main content

Скандал го тресе универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Педессеттина студенти кои уредно се запишаа на информатичкиот факултет во Охрид , во државна квота, нема да можат да студираат на избраните струки. Универзитетот распишал редовен конкурс за уписи иако немал акредитација. На самиот почеток на академската година, од студентите било побарано да потпишат изјава дека прифаќаат да студираат на друг место на факултетот на кој биле пријавени и примени.

 |  Соња Рилковска  | 

Педессеттина  студенти,  кои се запишаа во државна квота на факултетот  за комуникациски мрежи и безбедност и на факултетот за  компјутерски науки и инжинерство  не може да студираат по избраните струки.  Од универзитетот  им бло кажано дека нема акредитација за тие два факултети, иако претходно имало редовен распишан  конкурс за уписи.
Студентите биле уредно пријавени,  но и уредно  примени на огласна табла на официјалната веб страница. Повеќето одлични ученици запишани во државна квота. Пред самиот почеток на академската година, во пет до дванаесет,  откако ги средиле сите документи од нив било побарано да потпишат изјава дека прифаќаат да студираат на друг факултет. Родителите револтирани, од разбирливи причини сакаат да останат анонимни, не сакаат да зборуваат пред камера. Бараат итно МОН да го реши овој проблем.
-„ Студентите  сега немаат избор , туку мора  да се запишат на Факултетот за информациони системи визуелизација за кој има акредитација. Прашуваме како е можно да има конкурс за факултети кои немаат акредитација? Што да правиме со нашите деца кои се крајно разочарани и револтирани. Ние денес  немаме никаков избор.  Бараме од МОН итно да преземе мерки и да го реши овој проблем. Да им се дозволи на нашите деца да студираат на избраните факултети“, пишуваат револтираните родители.
Од Универзитетот за информатички технологии Охрид за ТВМ  велат не добиле поплаки ниту од студентитите,  ниту од родителите. Тврдат дека немало пропуст од УИНТ, една година чекаат ре акредитација на факултетите од МОН.
 „Значи програмите за реакриедитација се пратени до одборот за акредитација и евалуација пред една година и очекуваме што псокоро решавање на тоа прашање како би можеле студентите да го студираат она што е  нивни првичен интерес. Тие покажаа , секој студнет што дојде тука потпиша изјава, ние им средуваме на новите студенти  и секој од нив се работи за педесетина студенти кои би се префрлиле на соодветната програма после доиената ре акредитација. Значи аплицираа на акредитирани програми за кои се очекува ре- акредитација“, вели Мерсиха Исмајлоска портпарол на УИНТ Охрид.
Се очекува министертсвото за образование и наука   да преземе мерки  и да го реши овој проблем со педесеттината студенти од кои триесеттина се одлични ученици запишани во државна квота.

Инаку УИНТ во Охрид  е  најмлада високообразовна институција  во земјава, која  нуди модерен  начин на образование , настава на  англиски јазик во комбинација со иновативни истражувачки практики.Но од негговото формирање до денес често пати го тресат скандали.
 
Важно е што за кадарот на УИНТ има перспектива во земјава и во странство. Голем дел од дипломците на УИНТ, преку интернет од дома работат  за реномирани странски компании. Студентите  најголем интерес имаат  за факултетите за компјутерски науки и инженерство и комуникациски мрежи и безбедност, токму тие два, за  кои годинава од непознати причини нема  акредитација.
Новинар Соња Рилковска