Skip to main content

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли во посета на СВР Охрид

Амбасадорот се запозна со работата на  велосипедската полициска патрола која пред 10тина години беше формирана на иницијатива на амбасадата на САД. Сигурен сум дека и други полициски станици во другите градови во Македонија можат да учат од овој пример во Охрид за полезноста на оваа иницијатива порача амбасадорот Бејли.

 |   | 

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли денеска беше дел од охридската велосипедска полициска патрола. Тој на велосипед им се придружи на полицајците во симболично патролирање низ градските улици. Изрази задоволство што патролата, која пред 10 години беше формирана на иницијатива на американската амбасада во соработка со Секторот за внатрешни работи – Охрид, успешно функционира.

“Велосипедот во Охрид е ефикасно средство за полициско работење, посебно кога ќе се земе превид гужвата во туристичката сезона  посебно во пешачките зони.  Но исто така е еден начин да се направи полицијата визуелно поблиска до граѓаните и полесно да воспостави интеракција со граѓаните.  Сакам да и честитам на охридската полициска станица , на Секторот за внатрешни работи Охрид, на спроведувањето на оваа иницијатива. Сигурен сум дека и други полициски станици во другите градови во Македонија можат да учат од овој пример во Охрид за полезноста на оваа иницијатива.- изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Р. Македонија.

Велосипедската полициска патрола брои 6 членови полицајци. Патролата функционира беспрекорно и велосипедистите полицајци, се исклучително добро прифатени од граѓаните на Охрид а посебно од туристите кои сакаат да се дружат со полицајците, да разговараат и да се сликаат со нив, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

„Значајно е функционирањето на полициската велосипедска патрола и од професионална гледна точка бидејќи во изминатиов период велосипедистите полицајци имале многу успешни интервенции во делот на откривање на сторители на казнени дела како кражби во централното градско подрачје и на плажите каде редовно патролираат во текот на летната сезона. – истакна Димоски.

Велосипедска полициска патрола одреден период не функционираше. Беше повторно активирана минатата година  благодарение на ИЦТ програмата и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со чија помош се надминаа проблеми во делот на опремата на велосипедистите полицајци.