Skip to main content

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

 |   | 

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

На средбата беше потенцирана добрата соработка што амбасадата ја има со Република Македонија, а како потврда беше издвоен конзерваторискиот проект на црквата Свети Богородица – Перивлепта, кој целосно беше финансиран од американската амбасада.
Од страна на градоначалникот беше посочено дека, Локалната самоуправа се залага за одржлив развој во туризмот во кој спаѓа и урбаното планирање според препораките на УНЕСКО.

Градоначалникот и Амбасадорот, констатираа дека треба да се стави акцент на меѓуграничната соработка со Поградец, Албанија, односно да се изработуваат проекти кои го опфаќаат Охридското езеро. Во таа насока градоначалникот Стојаноски, спомна дека во тек е постапка за одвојување на колекторскиот систем од МЈП „Проаква“, по што државата ќе го преземе одржувањето, реконструкцијата и доизградбата на колекторскиот систем.

На крајот од средбата градоначалникот Стојаноски изрази благодарност до амбасадорот Бејли, за севкупната поддршка што САД им ја даваат на Република Македонија, но и за поддршката што амбасадорот ја дава кон државата, а особено кон градот Охрид.