Skip to main content

Герасимовски: Заштитата на интелектуалната сопственост е основен елемент за успешно функционирање на европскиот пазар

Заштитата на интелектуалната сопственост е основен елемент за успешно функционирање на македонските компании на европскиот пазар. Ова го потенцира Горан Герасимовски – зам директор на ДЗИС на семинарот што со  стопанственици од охридско струшкиот регион се одржа денеска во Охрид во рамки на одбележувањето на јубилејот, 25 години од постоењето на Заводот.

 |   | 

„За жал кај македонските компании потребата од заштита на интелектуалната сопственост е ограничена. Потребно е да се подигне свеста дека креирањето и управувањето со интелектуалната сопственост е клучно за растот, конкурентноста и проширување на  пазарот на македонските компании.“– истакна Герасимовски.
 
Сме имале, имаме и ќе имаме врвни креативци и иноватори. Наши сограѓани добивале високи домашни и странски признаија. Во Вашие компании , почитувани стопанственици имате креативци кои ги унапредуваат бизнисите. Убеден сум дека, со заедничка упорна и посветена работа,сите тие потенцијали ќе ги ставиме во функција на побрз економски развој на Охрид и Македонија, истакна градоначалникот Јован Стојаноски пред стопанствениците од Охрид, Струга и Дебрца  

„ Развојот на реалниот сектор е она што е најважно, најзначајно но воедно и најголемиот проблем  во функционирањето на нашата и останатите две општини во регионот. Ако имаме добри стимулации, ако имаме добри врски и односи со стопанствениците на територија на нашите општини тогаш ќе имаме поголем број на вработувања, ќе имаме подобар живот за граѓаните во општините и тоа е единствениот начин како да одиме напред.“ – кажа градоначалникот Стојаноски.

Државниот завод, во рамките на одбележувањето на 25- годишнината од основањето, на плоштадите во Охрид и Струга има поставено штандови, на кои граѓаните  ќе можат да се запознаат со постапките за заштита на индустриската сопственост.