Skip to main content

Охрид има услови да стане спортска триатлон дестинација

260 натпреварувачи од 20 земји ќе учествуваат на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кои ќе се одржат на 15 и 16 септември во Охрид. Организацијата на еден ваков голем европски спортски настан е на Триатлтон федерацијата на Македонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ Охрид.

 |   | 

260 натпреварувачи од 20 земји ќе учествуваат на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кои ќе се одржат на 15 и 16 септември во Охрид. Организацијата на еден ваков голем европски спортски настан е на Триатлтон федерацијата на Македонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ Охрид.

„Самиот настан бара големи организациски активности. Започнавме многу поодамна, сега финишираме. Натпреварот ќе се одржува на популарната плажа Бафало. Делот со велосипеди се обавува на патниот правец Св Наум до кружниот тек кај Инекс Горица. Натпреварувачите се враќаат во боксот на паркингот,  ја оставаат опремата и трчаат до дискотеката Парк два круга и финишираат пред Центарот за обука на вода на АРМ и полицијата. “ -изјави Иван Михајлоски, претседател на Триатлон федерацијата на Македонија.

Во Охрид ќе се случува балканско славење на триатлонот. Тоа е добра причина младите луѓе да дојдат тука да спортуваат и да се подобрат и прошират врските меѓу балканските земји истакна делегатот од Европската триатлон федерација, Андреас Галанос.  

„За Европската триатлон унија е задоволство што е во Охрид кој покрај својата уникатна природна и културна убавина по која е познат, се надеваме дека со овој настан  градот ќе стане и спортска триатлон дестинација. Многу сме благодарни на општината за поддршката и горди сме на нашата триатлон федерација  во Македонија на нивната организација на настанот“ – кажаГаланос.

Во името на Општина Охрид, заменик градоначалникот Константин Георгиески изрази задоволство што ваков спортски настан за прв пат ќе се одржи во нашиот град.

„Секоја наредна година додека е оваа локална самоуправа и овој Градоначалник, оваа манифестација и ваквите  настани ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка. Охрид нуди одлични услови за беспрекорно одржување на натпреварите во различни категории. Сите сме согласни дека спортот , спортувањето се едни од најважните сегменти во општествениот живот кој има повеќекратни позитивни ефекти врз развојот на младите генерации.“ посочи заменик градоначалникот Георгиески.

Првиот човек на Асоцијација Спорт за сите – Сите за спорт, Иван Цветкоски упати покана до граѓаните да го проследат спорскиот настан но воедно и апел за разбирање посебно во делот на сообраќајот. Во сабота и недела на меѓународниот пат Охрид – Св Наум  ќе има времен режим на сообраќајот и тоа сабота 07:30 до 17 часот а недела до 15 часот.  Во тоа време патниот правец кон Св Наум ќе биде затворен за сообраќај  од кружното на пресек Бул. Туристича со ул. АСНОМ до кружното кај тениски терени Инекс Горица. А на истата должина  во тој период ќе се дозволи двонасочно движење на возилата на патот од Св Наум кон Охрид.

„ Би сакал да ги замолам граѓаните утре и задутре во периодот на времениот режим на сообраќај да имаат трпение и да сфатат дека културата во сообраќајот и почитувањето на знаците кои ќе ги поставиме  заедно со СВР Охрид пред се се во насока на нивната безбедност, второ се почит кон сите учесници на настанот и трето покажуваме едно повисоко ниво на совест и култура за која далеку ќе се слушне. “– кажа Цветкоски.

Сите учесниците на триатлонот се поделени во девет категории  од кадетски, младински и сениорски категории и од двата пола. Дел од натпреварите ќе се одржат в сабота и дел в недела, новитет ќе биде штефетниот триатлон кој од 2020 година ќе дебитира на Летните олимписки игри во Токио.