Skip to main content

Заев: Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа

Иднината е премногу важна и скапоцена за да не го даде секој граѓанин гласот за Македонија, истакна синоќа во Охрид Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на граѓанскиот собир во организација на „Излези За европска Македонија“.

 |   | 

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на граѓанскиот собир во организација на „Излези За европска Македонија“ ,  кој синоќа се одржа во Охрид, им се обрати на присутните со зборовите дека не постои изговор кој не амнестира од одговорноста која стои пред нас и ги повика граѓаните на Македонија, на 30-ти септември да излезат и масовно да гласаат „За“.

„30-ти септември, е пресуден ден. Не е ден за премолчување или за седење дома. Иднината е премногу важна и скапоцена за да не го даде секој граѓанин гласот за Македонија. Оваа наша Македонија е одговорност за сите нас. Се работи за моите, за твоите, за вашите, за нашите деца. Се работи за иднината на нашите генерации коишто доаѓаат после нас“ рече Зоран Заев – Премиер на Влада на РМ.

Тој додаде дека со членството во НАТО трајно се заштитуваат границите на нашата држава, наместо живот во грч поради непредвлидлива иднина, се обезбедува посигурен и побезбеден живот за идните поколенија, а членството во овие две организации ќе значи и повеќе инвеститори, нови работни места, повисоки плати за сите. Томислав Тунтев, пратеник во Собранието на РМ истакна дека секоја генерација се соочува со свои предизвици и одлуки. Овој период кој го живееме е почеток на нашата иднина.

„Со влезот во НАТО, влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз на светот. Трајно ќе ги заштитме нашите граници и територија., а македонија ќе биде фактор на стабилност во регионот. Со влезот во ЕУ влегуваме во заедница од половина милијарда луѓе каде што ќе бидат признати, потврдени и засекогаш зачувани, македонскиот идентите и македонскиот јазик“ порача Томислав Тунтев – пратеник во Собранието на РМ.

Карванот на коалицијата “Заедно ЗА европска Македонија” претходно одржа средби со граѓаните на Струга.На трибината во Струга, во градот, кој, како што рече Заев, е пример за единство, сплотеност и меѓусебно разбирање, премиерот истакна дека бојкотирањето на референдумот значи да се биде противник на државата, и порача дека треба да се искористи историската шанса да се излезе на референдумот на 30 септември и да гласа „ЗА“ евроатланска интеграција на земјата.