Skip to main content

Андоноски : РК Охрид – РК Бутел натпревар на сезоната

Новиот состав на Ракометниот Клуб Охрид во сабота на мечот со скопски Бутел ќе го има деби натпреварот пред домашна публика за оваа сезона од машката ракометна супер лига. 90% од екипата се нови играчи кои бараат подршка од публиката во овој според нив натпревар на сезоната.

 |   | 

Подновениот состав на охридскиот ракометен клуб утревечер ќе го има првиот настап пред домашната публика во натпреварот од второто коло од машката ракометна супер лига против РК Бутел – Скопје. 90% од екипата се нови играчи, имаме целосно нова бековска линија, потребно ќе ни биде време да се уиграме, вели капитенот на РК Охрид, Крсте Андоноски. Атмосферата во екипата е на многу високо ниво бидејќи оваа година ги имаме сите неопходни услови за нормално функционирање на еден клуб. Не очекува тежок и неизвесен натпревар но се помалку од победа не е опција за нас, вели Андоноски.

„Квалитетот на екипата можеби е малку послаб од минатите две години но тоа не значи дека немаме шанса за плеј оф туку напротив, мислам дека имаме една квалитетна екипа која доколку навреме се уигра и пред се ова е многу важен натпревар, можеби натпревар на сезоната, ако го добиеме мислам дека имаме и големи шанси за плеј оф.“– кажа Андоноски – капитен РК Охрид.

Пред охридските љубители на ракометот на утрешниот меч деби ќе има новото засилување на клубот, десниот бек Лазар Петровиќ. На србинот ова му е прв ангажман во странство и вели дека е презадоволен од условите во клубот и од тоа како е прифатен од соиграчите и стручниот тим.

„Пред се ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни  ја даде неопходната поддршка бидејќи ова ни е многу важен натпревар. Што се однесува до играчите, ние ќе го дадеме максимумот да го добиеме овај натпревар и да влезиме во серија на победи“ – кажа Петровиќ.

Претстојната сезона за РК Охрид е пресвртница. Раководството го стегна ременот во поглед на трошењето и се плаќаат долговите од предходните години.

„Мислам дека околу 80 % од старите долгови веќе се исплатени. Мислам дека оваа година ќе биде стаби.лизациона во поглед на буџетот. Обезбедивме една релативно млада екипа во којашто предничат играчи од 19 до 25 години.“ – изјави Горан Недески – Спортски директор РК Охрид

Натпреварот меѓу РК Охрид и скопски Бутел се игра в сабота со почеток во 19 часот во СРЦ Билјанини Извори, а цената на билетот изнесува 50 денари.