Skip to main content

Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна

Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од  летната сеозна. Првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона, но статистичките податоци за посетеноста и остварениот туристички промет треба да ги почекаме, вели охридскиот градоначланик. Во меѓувреме се размислува како да се зголеми туристичкиот промет, но со незголемен број на гости. 

 |  Валентина Неловска  | 

Туристичките работници и локалната самоуправа ги сумираат резултатите од годинешната туристичка жетва. Охридскиот градоначалник вели првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона. Но , додава дека за прецизни бројки и резулатати треба да се почекаат статистичките обработки за туристичката посетеноста и остварениот туристички промет. Сега сме во две фази на размислување како да се прошируваат хотелските капацитети и на кои туристички пазари Охрид да се продава како туристичка дестинација.

„ Втор правец е да се донесат поквалитетни гости. Гости кои ќе поминуваат повеќе време во Охрид. Се бараат нови форми на туризам за да се зголеми туритичкиот промет“, напоменува Стојаноски.

Досегашните промоции покажаа добри туристички резултати. Локалната имала средба со хотелиерите кои се задоволни од проширување- то на туристичката сезона од април до крај на октомври. Во претстојниот период ќе се бараат дестинации на охридската ривиера да престојуваат гости кои повеќе ќе трошат.

„Сакаме да постигнеме, а и целта ни е зголемен туристички промет со незголемен број на туристи. Зголемен број на туристи значи и проблеми во поглед на инфраструктурното уредување , проблеми од типот на нарушување на просторот кои предизвикуваат и други бројни проблеми“, вели Стојаноски.

Охрид со претставници од Хотам договарале настапи на туристички саеми за наредната година. Планирана е посета на Варшавскиот саем. Годинава на охридскиот брег беа присутни полјаците кои се очекува од наредната година да го заземат првото место по бројот на посетеност на охридското крајбрежје.