Skip to main content

76,5 % анкетирани охриѓани сакаат ул „Македонија“ да биде пешачка зона

76,5 % од анкетирани охриѓани сметаат дека ул Македонија треба да биде пешачка зона. Анкетата беше спроведена во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ во која учествува Општина Охрид, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.

 |   | 

Тим од општина Охрид, како урбанистички предизвик во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.
Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот,  дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од  засегнатите страни. Од различните начини на партиципација на јавноста се добија следните резултати:
Посетителите, туристите, возачите и такси возачите беа вклучени преку анкета спроведена од волонтери на Црвен Крст Охрид. Анкетата се спроведе во четири денови, во различни термини, со цел различни луѓе да бидат анкетирани.
На прашањето „Дали градот Охрид ќе има придобивки од адаптирање на улица Македонија во пешачка зона“ од анкетираните 240 лица , 190 одговориле да  а 38 лица не. 12 лица сметаат дека адаптирањето треба да биде сезонско.

Со истото прашање беше спроведена анкета и на веб порталот охридњуз на којуа се изјасниле вкупно 956 лица, од кои 702 одговорилепотврдно, а 254 лица сметаатт дека улМакедонија не треба да биде пешачка зона.

На анкетата спроведена на веб страната на општината, вкупно одговориле 192 лица од кои 161 лице смета дека ул Македонија треба да биде пешачка зона  а 31 лице смета дека тоа не е добро за градот.

Според вкупните резултати од сите анкети, од вкупно анкетирани 1376 лица , за 1053 или 76,5 % градот ќе има придобивки од тоа улица Македонија да биде пешачка зона додека само 323 или 23,4 % не се согласуваат со тоа.

Во рамки на проектот ученици од ОУ Григор Прличев беа вклучени преку изработка на цртежи за нивната визија за улицата Македонија и околниот простор. На нивните дела доминираат пешачки патеки, игралишта, велосипедски патеки, зеленило, тревници,  фонтани, канали со вода и слично. Интересно е тоа што на ниту еден цртеж н е  е прикажан автомобил.

Програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“е во организација на Интернационалниот центар за Локална демократија (ICLD) од Шведска и SKL International – дел од шведската асоцијација на локални управи и региони.
Пристапот SymbioCity обезбедува насоки и алатки за поддршка на процесите за одржлив урбан развој, врз основа на идејата предизвиците да се претворат во можности. ЈП „Охридски Комуналец“ во акција за отстранување на гумите за џвакање од охридската чаршија

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“  реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Акцијата беше спроведена во периодот од 3 часот по полноќ, до 9 часот наутро, заради помалата фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 6 комунални работници со специјални алатки.