Skip to main content

Основците од Општина Дебрца добија бесплатни ужинки

„Нашите заложби се да обезбедиме квалитетно образование за сите ученици во нашата општина. За таа цел, ја подобруваме образовната инфраструктура и применуваме повеќе мерки за мотиварање на учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовниот процес“ истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

 |   | 

Тој додаде дека од, 01 Октомври се воведува ужинка за секој ученик во основното училиште. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година. Средствата за ужинката, во износ од 1.200.000 денари се обезбедени во буџетот на општина Дебрца. Целта на оваа мерка е растеретување на семејниот буџет на родителите, потенцирање на социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.

Во периодот кој претстои ќе се продолжи и со другите мерки вкако бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училиштните спортови – изјави градоначалникот на општината Зоран Ногачески.