Skip to main content

ВРВНИ СВЕТСКИ ГОТВАЧИ ДОАЃААТ ВО ОХРИД НА „OHRID GASTRO TOUR“

Од 12-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на „Ohrid Gastro Tour“ или охридската Гастро тура, новата активност во организација на општина Охрид, која има за цел да се подигне квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти.

 |   | 

Истата предвидува гостување на неколку врвни светски готвачи/гастрономи од различни земји, наградени со Мишелин ѕвезди, кои за време на неколкудневниот престој во Охрид, во различни угостителски објекти ќе имаат задача преку готвење со домашни – охридски производи да изнајдат начин за изработка и подготовка на нови специјалитети како и нивно вклучување во менијата на локалните угостители. Со тоа ќе придонесат во збогатувањето на туристичкиот производ и понудата на градот.

Воедно преку овој настан ќе се одржи и обука на локалните готвачи за подготовка на нови типови на храна и збогатување на постоечките менија.