Skip to main content

Извршен последен увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

При посетата, Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев, истакна дека се заштедени од 70 до 100 милиони евра средства. Додаде дека со новиот анекс договор кој треба да помине деновиве во парламентот градежните работи интензивно ќе продолжат.

 |   | 

Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев заедно со првиот човек на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денес извршија увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид. Изградбата на автопатот требаше да чини 374 милиони евра , согласно првичниот договор постигнат со кинеската компанија Синохидро, а автопатот требаше да биде завршен во јануари годинава. Но, поради пропусти во трасирањето, рокот беше пролонгиран.  Вицепремиерот Анѓушев посочи дека  со помош на ФИДИК експертите од ЕУ и САД досега се заштедени од 70 до 100 милиони евра.

„Мислам дека вредеше да се почека за да се стави овој пат и технички, но и финансиски во исправна состојба да не правиме трошење на средствата на граѓаните на РМ беспотребно и непродуктивно“, рече Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Делницата од Охрид до селото Врбјани ќе биде прва завршена, и пуштена во функција, а најголемиот предизвик со кој  ќе се соочат градежниците ќе биде изградбата на вијадуктот или големиот мост кај селото Добреновец, објасни Анѓушев.  Зоран Китанов – директор ЈП државни патишта истакна дека проектот бил во застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, како и нерешена експропријација на земјиштето,а  како пример го посочи проектирањето на истиот врз резервоарот за вода на град Кичево.

„Значи се правиме за да може да се оспособи целата фрекфенција на овој дел од патот, а нашата интенција е од Охрид до тунелите, парцијалнод а се пуштаат како што се готови деловите, но не по километар два, туку по пет, 10,15 км за да се оспособи и  растерети сообрааќајот, најважно за да може да функционира економијата повеќе.Цените по коишто сега се работи се далеку пониски од цените по кои се работело“ објасни Зоран Китанов – директор ЈП државни патишта.

Со новиот анекс договор кој треба да помине деновиве во парламентот градежните работи интензивно ќе продолжат и се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, а ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи.