Skip to main content

Гладијаторите се фаворити на утрешниот натпревар против Вардар Јуниор

Гладијаторите се фаворити на утрешниот натпревар против  Вардар Јуниор. Велат дека тоа ќе го потврдат на терен и ветуваат добра спортска претстава во која поголема минутажа ќе добјат младите надежи во РК Охрид.

 |   | 

Ракометарите на Охрид утре на домашен терен ќе го одиграат четвртиот натпревар од Супер лигата против Вардар Јуниор. Гладијаторите се фаворити во овој дуел, но тоа ќе треба да го потврдат на терен. Ја бараат поддршката од своите навивачи и ветуваат уште една добра спортска претстава во СРЦ Билјанини Извори.
 „Сигурно ќе играме одбрана 6:0. Јака одбрана, цврста како и на досегашните три натпревари. фаворити сме. Треба да ја оправдаме таа улога и  да им дадеме шанса на помладите да играат и тие. “– изјави Борче Соколов.


Натпреварот против Врадар Јуниор е шанса за младите охридски ракометни надежи да се покажат во најдобро светло  во  поголемата минутажа која очекувано ќе ја добијат.
„Треба да се оправда кога тренерот ќе не стави и во тесна игра. Треба да се оправда минутажата. Сепак оваа година сме дел од  еден сериозен проект и ние младите мора повеќе да се ангажираме за иднината на клубот.“ – рече Наум Костов.

РК Охрид на утрешниот меч е на пат да ја прокнижи третата победа по ред во досегашниот тек од Супер лигата. Менаџментот е задоволен од тоа како се одвиваат работите во клубот и проектот со млади сили за што не изостанува и  поддршка та од граѓаните на Охрид. За тоа зборува и посетеноста на првиот натпревар на домашен терен, вели спортскиот директор Горан Недески. Дуелот  помеѓу РК Охрид и РК Вардар Јуниор Скопје ќе се одигра утре (сабота) со почеток во 19 часот и 30 минути.