Skip to main content

Пецаков: СДСМ ја губи поддршката кај охриѓани

Никој не смее да тргува со сопствената држава и со националните чувства. Охриѓани тоа го препознаа и ја поздравуваме зрелоста и одлуката покажувајќи исклучителна демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа Договорот со Грција кој е крајно штетен за македонските државни и национални интереси, кажа  на прес конференција , Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Резултатите од референдумот во Охрид покажаа дека СДСМ за само една година изгуби речиси 4000 гласови, одосно на референдумот кампањата на СДСМ ја поддржаа 14.401 граѓанин на Охрид, додека пак на локалните избори пред една година за СДСМ во Охрид гласаа 18.262 граѓани, кажа на прес конференција , Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е јасен сигнал дека СДСМ ја губат поддршката кај народот, констатира Пецаков.

„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок, закани и уцени од партиски лица кои се забележани и ќе одговараат пред органите на правдата, додека оштетените граѓани кои со чест и достоинство си ја сакаат Македонија ќе бидат заштитени.“ – кажа Пецаков.

Ветените проекти на градоначалникот Јован Стојаноски останаа само слово на хартија, предизборна измама и манипулација обвини Пецаков. Охриѓани знаат да проценат и умеат да забележат колку работи оваа власт предводена од СДСМ . Охриѓани многу брзо ја видоа лажната политика па затоа опаѓа поддршката, додаде Пецаков.

„Довербата кај граѓаните е загубена поради срамниот договор, неисполнетите ветувања, нула реализираните проекти, зголемената цена на водата, покачување на цената на паркингот, неисплатените обештетувања од земјотресите, стопирање на капиталните проекти во инфраструктурата, никакви реформи во образованието, здравството, економијата, културата, туризмот како и во останатите сфери од животот.“

Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот, порача Пецаков. Според ВМРО ДПМНЕ  добиената поддршка во Охрид ќе продолжи да се намалува.