Skip to main content

Метео службите од регионов со заеднички сили против штетите кои ги нанесува глобалното затоплување

Македонија и Охрид домаќини на средбата на Директорите на хидрометеоролошките служби од Југоисточна Европа.

 |   | 

Светската метеоролшка организација го координира проектот за имплементација на повеќе наменскиот систем за рано предупредување за земјите на Југоисточна Европа. Овој регион е еден од најпогодените од влијанието на глобалното затоплување, па затоа ваквиот систем би можел да значи алатка за  минимизирање на штетите кои изминатиов период ги нанесува глобалното затоплување, велат од Светската Метеоролшка Организација.  
 
„Истовремено сите земји од регионов, се многу малечки, Македонија е малечка, Албанија исто така, сите земји се малечки, така да не треба да се очекува дека опасноста се заканува само на една земја. Метеоролошките феномени не познаваат граници и се закана за животот на многу животи. Затоа насушна е потребата , сите податоци, прогнози, и инструменти да се достапни во регионот и да се споделат меѓусебно, односно заедно да се работи на временските прогнози и на раните предупредувања“, вели Сара Илапи –  Светска Метеоролшка Организација.
 
Точни се временскте прогнози до пет дена, вели Директорот на Управата за Хидрометеоролошки работи на РМ, Ивица Тодоровски. Тој објаснува дека македонските метеоролози се релативно добро опремени, но дека секогаш може подобро, а она што е најпотребно во овој период е замената на мерните инструменти со посовремени.  
 
„Во овој момент службите од регионов се соочуваат како и сите останати од целиот свет , со глобалното затоплување , чијашто главна карактериситика се зачестените екстеремни вредности и појави, како високи температури, суши, поплави, градоносни облаци, укрупнување на зрната на градот итн“, објаснува Ивица Тодоровски – директор  Управа за Хидрометеоролошки работи на РМ.
 
Долгогодишните анализи на метео податоците укажуваат дека во последните 25 години регионов се соочува со 15-те последователни најтопли години, предупредуваат метеоролозите. Потребна е помош на побогатите земји за да може земјите од ЈИ Европа соодветно да одговорат на предизвиците кои ги носат климатските промени.
 
„Високите температури, посебно на лето, предизвикуваат суши во целиот регион каде што земјоделството е многу важно, нанесува огромни штети. Прилагодувањето на такви услови и на такви екстреми кои во иднина сигурно не очекуваат и ќе бидат и почести и поинтензивни , властите и општеството ќе мора под итно да работи на стратегија на прилагодување и низа активности и мерки на целото наше подрачје“ потенцира Бранка Иванчан Пицек – Директорка на државен хидрометеоролошки завод Хрватска.
 
„Нашите држави во регионот , со вакви средства какви што имаме, многу тешко можат да се подготват за климатските промени. Она што во овој момент можеме да го очекуваме е  побогатите земји да вложуваат кај нас преку проекти , низ едукација и слично како би можеле ние во иднина да бидеме поподготвени за климатските промени“, објаснува Алмир Биједиќ – Директор Федерален хидрометеоролошки завод БиХ.
 
Македонија и Охрид деновиве беа домаќини на средбата на Директорите на хидрометеоролошките служби од Југоисточна Европа. На еднонеделната конференција беа презентирани достигнувањата на секоја национална служба во изминатата година.