Skip to main content

За една година се очекува поставување на нова, современа и автоматизирана градобијна опрема во РМ

Мислењата за оправданоста од поставување на истата, поделени и кај земјоделците и кај метеоролозите.

 |   | 

Градобијната одбрана во РМ не функционира од 2008-та година. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работат на тоа да се  постави сосема нова, современа и целосно автоматизирана опрема. Се очекува до 2019  на 181 точка низ Македонија да се постават системи за заштита од град.  Од  Управата за Хидрометеоролошки работи на РМ пак, велат дека станува збор за одлука која треба да се однесе заеднички, без брзање.
 
Меѓутоа ќе одлучиме сите, бидејќи не е толку едноставно. Западноверопските земји немаат градобијна заштита, повеќе ја користат источните земји така да ќе ги видиме сите предности и недостатоци, па ќе донесеме одлука“ објаснува  Ивица Тодоровски – директор  Управа за Хидрометеоролошки работи на РМ.
 
Земајќи ги предвид резултатите од досегашната примена на градобијната заштита што се покажаа како незадоволителни и истовремено, следејќи ги европските и светските трендови, нашите соседи повеќе  сугерираат осигурување на земјоделските површини.
 
„Во република Српска се користат градобијните ракети, меѓутоа ние во во федерацијата на БИХ не ги користимне. Решението е да се вметнат градобијните мрежи но и да се осигураат имотите,тоа според мене е   далеку најефикасен систем.Се поставува прашањето колку тие градобијни системи се ефикасни. Иако се зборува дека се 70%, јас мислам дека се помалку и од 30%“, кажува  Алмир Бијдеиќ –  Директор Федерален хидрометеоролошки завод БиХ.
 
Земјоделците пак сугерираат дека не треба да одиме против природата. Велат дека треба да се користат други начини за заштита, како поставување на мрежи за заштита или да се оди на осигуравње на земјоделските површини.

„Ако ги разбивате тие облаци кои носат град со себе влегувате во ремкетење на законите во природата. Ќе ги разбиете облаците и во зависност од струењето на воздухот, повторно може да се оформат облаци за дожд или за град на 100-150 км подалеку од нашиов регион и во моментот сме останале без вода“ вели, Ванчо Стојаноски, Земјоделска Задруга „Охридска Черешна“.
 
Осигурувањето на земјоделските површини е добра идеја, но и прилично скапа за македонскиот земјделец. Се поставува и прашањето  дали осигурителните компании воопшто имаат експерти кои реално би вршеле проценка на штетите од евентуално невреме и колкавав ќе биде надоместокот, кој моментално не покрива повеќе од 30% од штетите. Инаку според најавите од ресорното министерство приоритетни региони за поставување на новата градобијна опрема се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко како најранливи. Процесот се очекува да биде заокружен идната година.