Skip to main content

„Суши од охридска риба“ направено од рацете на шеф со Мишелин ѕвезда

Познати локални готвачи од охридските реномирани угостителски објекти и студенти од Факултетот за туризам и угостителство денеска учеа од светски познати мајстори. Во рамките на фестивалот Taste Ohrid  ќе се одржат три мастер класови во кои светски познатите шефови  ќе креираат јадења од локални и сезонски продукти кои пак  ќе ги збогатат менијата во охридските ресторани. Целта е гастрономско освестување на угостителите, велат организаторите.

 |  Соња Рилковска  | 

„Охридска пастрмка  огледало на езерото“,  „Јагнешко во боите на есента“ „Суши од охридска риба“ , „ Канео десерт“ и  „Ѓеврек Самоилова тврдина“ се новите јадења кои охридските кувари денес имаа прилика да ги учат од врвните мајстори. Италијанскиот шеф со Мишелин  ѕвезда Џорџо Дијана пред дел од студентите на факултетот за туризам и познати кувари од реномирани угостителски објекти од Охрид покажа како локалната храна да биде презентирана на поатрактивен начин.

Во рамките на фестивалот Taste Ohrid 2018  ќе се одржат три мастер класови во кои светски познатите шефови   ги откриваат  тајните за креирање јадења од сезонски продукти кои пак  ќе ги збогатат менијата во охридските ресторани.

„ Главната цел е гастрономско советување на сите нас и освестување на угостителите. Она што е локално да го презентираме на поатрактивен односно многу помоќен начин. Да ги освестиме нашите студенти кои што  да речам се наша гордост и кои што ќе ја креираат угостителската политика, која е многу  важен сегмент во развојот на ена туристичка дестинација. Целта е да направиме детинација која што ќе привлекува гости со нели подлабок џеб односно достоинствено да покажеме дека Охрид има високи културни историски богатства а ние тоа да го спакуваме на правилен начин“, вели Ангела крстаноска Василеска професорр при ФТУ Охрид.

За да се добие Мишелин ѕвезда потребно е многу работа,  љубов и труд, советуваат врвните кувари.

„Имајте трпение, сакјте го тоа што го работите и да се има визија за иднината да се размислува за она што сакате да бидете. Најчесто сите млади луѓе сакаат да бидат шеф или мастер шеф на ТВ тоа не смее да биде единствената причина ако ја работите оваа рбаота треба 15 часа да бидете во кујна и не е лесно. Па ако не ја сакате оваа работа не ја работете“ , порача џеф Џорџо Дијана.

„Водичот на Мишелин“ се смета за најзначаен и најдобар водич за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји во светот.Тој свој систем со кој ги вреднува најдобрите хотели и ресторани во однос на цената. Важни критериуми се квалитетот на производите, вештината на создавање ароми и готвење и оригиналноста на кујната.

„Кога зборуваме за туристички места многу е важно да се даде поголем внимание на порцијата почнувајќи од традиционални јадења па чекор до чекор до поголем избор.0135 Многу е важно да се има училиште  во градот бидејки на тој начин се промовира гастрономијата и се обучува стручен кадар а не се увезуваат кинези за шефови во кујна“, вели романскиот шеф Раду Зарнеску.

Српскиот шеф Џорџе Костиќ одржа мастер клас  на  менаџерите за водење и брендирање на хотели. Утре за прв пат  ќе има гала вечер со мишелин ѕвезда, настан кој отвора нова ера во гастрономијата на туристички Охрид.