Skip to main content

Презентиран проектот Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро

Денес во Охрид се одржа презентација на резултатите од проектот со наслов „Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро“ финансиран од Општина Охрид, а реализиран од Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.

 |   | 

Денес во Охрид се одржа презентација на резултатите од проектот со наслов „Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро“ финансиран од Општина Охрид, а реализиран од Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.

Главната цел на проектот е зголемување на јавната еколошка свест кај локалното население и учениците од примарното образование за улогата и важноста на фауната на полжавите од Охридско Езеро за одржување на вкупната стабилност на Езерото, како и афирмација на нивната научна важност, нагласениот диверзитет и ендемизам но и нивната еволутивна старост која се совпаѓа и ја отсликува еволуцијата на езерскиот екосистем. Со реализација на овој Проект локалното население во градот  и регионот би се информирало за богатството на Езерото со видовите полжави кои се едни од најстарите жители на Охридско Езеро и со милиони години живеат во него. 78% од евидентираните гастроподи во Охридското Езеро се ендемични видови, специфични по својата форма, облик, димензии, густина и ареал на распространување. Секој од видовите има посебно место и улога во езерскиот екосистем зацврстувајќи ги синџирите на исхрана но и стабилноста на езерските биоценози.

Информативните предавања за учениците се одвиваа во неколку основни училишта во градот, додека на градскиот плоштад се изврши јавна презентација на фауната на полжавите од Охридско Езеро.
    
Во текот на проектот се одржаа теренски активности во кои беа вклучени ученици од основните училишта во Охрид. Целта на теренските и лабараториските активности во рамките на проектот е запознавање на учениците со научно-истражувачката работa и унапредување на научно-истражувачките активности во областа на биологија и екологија, како и внесување на нови содржини и унапредување на образованието по предметите природни науки и  биологија.