Skip to main content

На Сара и е потребна нашата помош

15 годишното девојче се бори со тешка болест и потребна е трансплантација на коскена срж. Семејството не е во можност да ја покрие високата цена на операцијата. Но затоа , Охрид може уште еднаш да ја покаже својата хуманост.

 |   | 

На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициранa и е „Anemija Аplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.  Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор  е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.


Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка. А наскоро ќе бидат отворени и  телефонски броеви за донации.


Охриѓани веќе започнаа да се организираат за собирање средства за лекување на 15годишната Сара. Се најавуваат низа хуманитарни акции во угостителските објекти во градов, на спортските настани кои следуваат деновиве, концерти , поставување кутии за донирање од страна на Црвен Крст Охрид. За сите настани можете да се информирате на страната на социјалната мрежа фејзбук „Охрид за Сара“ каде постојано има објави за начините на кои сите ние заедно можеме да помогнеме  нашата Сара да замине на лекување во странство и да ја победи болеста.