Skip to main content

ОК ВМРО ДПМНЕ: Првата година од владеењето на СДСМ и Стојаноски – една од најслабите во историјата на градот

Првата година од владеењето на СДСМ и градоначалникот Стојаноски, од ОК на ВМРО ДПМНЕ ја отценуваат како една од најслабите во историјата на градот  во делот на изградба на инфраструктурни објекти. До каде се проектите од програмата со која ветувавте живот?, прашуваат од охридскиот огранок на партијата.

 |   | 

Охрид тапка во место една година со заспаната администрација и никаква активност на Јавните претпријатија. Ветените проекти беа само предизборна измама за охриѓани. Оваа Локална власт на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори, обвини денеска на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ.

„Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој. Не направија ниту еден проект, но затоа има партиски превработувања. Граѓаните се сведоци на хаосот во сообраќајниот режим, хаосот со рапмите и нефункционално паркинг решение наместо катни гаражи, преполни контејнери, ѓубре по улиците и нови депонии наместо ветената фабрика за отпад, а бројот на кучиња скитници е поголем од кога било претходно. Наместо модерен туризам, панаѓур за време на туристичката сезона.“– Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
 
Божиноски ги спомна  гасификацијата, санацијата и доизградбата на колекторскиот систем како најавувани проекти кои нема да се реализираат. Додаде дека граѓаните биле револтирани поради покачување на цените на водата, паркингот, немањето обештетување за штетите од земјотресите, назначување на членови на управни и надзорни одбори спротивно на законот, партиски реваншизам, цветањето на бизнисот на урбаната мафија, непрофесионалното регулирање на нивото на водата иштетите од поплави и незаштитувањето на Студенчишко блато.

„Стојаноски кога даде отчет за првите 100 дена власт се пофали со проектите изработени и скоро во целост реализирани од претходната Локална власт и најбезобразно си ги припиша за свој успех. Затоа што нема реализирано ниту еден проект и нема што да препише Стојаноски го одложи давањето отчет. Никогаш отчетноста и не била карактеристика на СДСМ.“– кажа Божиновски.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат каде се ветените градинки и детските игралишта, четирите училишни спортски сали, сошто нема Младински културен центар, Покриен базен и обновен Дом на пензионери. А на сметката на СДСМ како неуспех ги прокнижуваат и доцнењето на автопатот Кичево-Охрид, нова болница кај Свети Еразмо, тоа што нема нов Центар за култура и Конгресен центар.