Skip to main content

Проектот „Е-мобилност“ пристигна во Охрид

„Wallbe“ електрични полначи за хибридни возила, поставени на две локации во строгиот центар на градот.Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина

 |   | 

„Wallbe“ електрични полначи за хибридни возила, поставени на две локации во строгиот центар на градот.Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина.

И Општина Охрид заедно со ЕВН Македонија  деновиве постави два електрични полначи за хибридни возила во строгиот центар на градот. Проектот од технички аспект е целосно реализиран. Во моментов се врши брендирање на станиците и нивно одбележување по што ќе бидат ставени  во функција.

Со цел да се стимулираат охриѓани да купуваат хибридни возила на електричен погон кои не ја загадуваат животната средина општина Охрид со одлука на Совет овозможи  бесплатно паркирање за сопствениците на хибридни возила на целата територија на Охрид во текот на  годината.    

Полначите за електричните возила се инсталирани во различни градови во Македонија каде што има голема фреквенција на луѓе. Сопствениците на електричните возила имаат можност во 2018г. бесплатно да ги полнат своите возила.

„За ракување со електронските полначи едноставно ви е потребна картичка од ЕВН. Го паркирате вашето електрично возило бесплатно на еден од назначените паркинзи за полнење кој секогаш ќе биде во центарот на општината. Потоа се регистрирате со картичката и го поврзувате вашиот автомобил со полначот. Тоа е тоа. Потрошената електрична енергија ќе ви дојде во вашата месечна фактура. Но, не во 2018 година. Како промоција на е-автомобилите и подобра животна средина, ЕВН нема да ги наплаќа трошоците на купувачот“ изјави неодамна Штефан Петер претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.