Skip to main content

Пет месеци нема предавања на Филмската академија во Охрид

Наместо здобивање со престижни дипломи студентите на Фимската академија во Охрид не држат предавања и загрижени се за својата иднина. Професорите пет месеци не доаѓаат на работа. Годинава изостанаа и уписите за прва студиска година. Раководството на установата чека насоки од ресорното министерство.

 |  Соња Рилковска  | 

Постдипломците на Филмската академија во Охрид  пет месеци немаат предавања. Професорите не добивале  плата и не доаѓале на работа.  Јавната научна установа пропаѓа.
Студентите загрижени за својата иднина бараат помош од медиумите. Наместо со престижни дипломи денес останаа без образование.
-„Министерството за образование не им ги има исплатено последните пет  плати на нашите професори па поради тоа тие не доаѓаат на предавања и затоа нашиот смер не е почнат со школската година .Нема ни нови уписи за прва година на Филмска академија при Универзитетот Свети Апстол Павле.Ние студентите бараме да ни се овозможи да си ја продолжиме годината и да го завршиме факултетот што сме го одбрале“, пишуваат загрижените студенти кои од познати причини сакаат да останат анонимни.
Директорката  на Инситутот за филм во Охрид, Виолета Цепенкоска вели дека  во секој момент се очекувале  насоките на надлежното министерство, од каде денес не успеавме да добиеме одговор Зошто професорите не добиваат плата на Институтот и што ќе биде со студентите?
Инаку, Иститутот за филм започна со работа во 2015 година како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип,со атрактивни  постдипломски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција.  
Тригодишните студиски програми  се изведуваа на англиски јазик прилагодени согласно стандардите и долгата традиција на престижната филмска и телевизиска школа на Академијата за сценски уметности во Прага, која е  петта најстара филмска школа во светот.
За жал на  Институтот за филм скоро половина година не доаѓаат ниту домашните професори , а уште помалку странските  визитинг предавачи.
.И покрај големиот  интерес на домашните и странските студенти,  оваа академска година немало ни конкурс  за уписи на Академијата за филм во Охрид.
Прашката филмска академија ја завршиле влијателни режисери и сценаристи во светот.  добитници на „Оскар“ и лауреати на меѓународни филмски фестивали. Отворањето на Институтот во Охрид кој располага со современа филсма опрема имаше за цел да се поттикне филсмаката индустрија,  а Охрид да биде привлечна филмска дестинација.