Skip to main content

ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ПАТЕКАТА ОД СААТ КУЛАТА ДО СТАРОТО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.

 |   | 

Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.

На патеките  со должина од 250  и 275 метри квадратни веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога  со дебелина од 10 сантиметри. Поплочувањето на едната патека е при крај и се работи на поплочување на втората патека.

Изведувач на градежните активности е фирмата „Тане 2007“ од Охрид , а  проектот што општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион чини 3 милиони денари. Градежните активности започнаа во месец септември и се очекува да заврши на крајов од оваа календарска година.