Skip to main content

Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев

Месец на книгата и во Охрид со мини саем  во библиотеката Григор Прличев. Љубителите на белетристика имаат можност да купат над двеста наслови од домашни и странски автори. Саемот ќе трае пет дена , а  книгите ќе се продаваат со попуст и до педесет проценти.

 |  Валентина Неловска  | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Матица Македонска организираат мини саем на книгата. Пет дена ќе трае мини саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 200 наслови од домашни и странски автори.Настанот е во знак на одбележување на Месецот на книгата кој почна на 15 октормври и ќе трае до 15 ноември. Ова е можност љубителите на белетристика да набават за своите домашни библиотеки интересни наслови без да патуваат во Скопје.

Благодарност до издавачката куќа  Матица Македонска ги има изложено своите книги. Но тоа не значи во иднина да немаме и други издавачки куќи. Среќна сум што сум дел од настанот. Ова  е повик да дојдат сите љубители на книгата, велат посетителите.

На првиот ден од почетокото на мини саемот на книгата охриѓани ја покажаа својата читачка навика да ги набават најновите наслови. Книгите ќе се продаваат по поволни цени со попуст и до педесет проценти.

„Само што почнавме има голема посетеност. Посетителите позитивно реагираат на многу ниските цени и затоа имаме интерес од најмала до најголема возраст кои ги купуваат сите наслови кои се примамливи“, истакна Гордана Змејкоска директор на НУ Библиотека Григор Прличев.
Помеѓу бројните насловите за возрасни и деца барани се романите на Лусинда Рај, романот „Куферот од Берлин“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, делата на Карлос Руиз Зафон. Мини саемот на книги ќе трае пет дена до 9 ноември.