Skip to main content

Јавните тоалети во Охрид повторно надвор од употреба

Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад  Т.Ц.АМАМ.

 |   | 

И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба.

Пред два месеци беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, додека ова е второ уништување на автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ.

Охриѓани и туристите со децении чекаа градот да ги добие јавните тоалети, а ваквите вандалски чинови најмалку одат во прилог на угледот на најголемиот туристички центар со оглед на тоа што во градот сеуште има туристи.