Skip to main content

ЈП Билјанини извори задоволно од наплатата на паркирање

ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинг зоните задоволно од воведените новини во наплатата на паркирање. Со новитетите се инкасирани повеќе финансиски средства и е растеретена службата за наплата. Согледани се и сите слабости кои во иднина ќе бидат одстранети, информираат од јавното претпријатие.

 |  Валентина Неловска  | 

Новините во наплата на паркирањето донесоа позитивни резлтати во работењето на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинг зоните. За седум месеци од кога беа применети новите начини на наплата со СМС пораки и  гребни картички од јавното претпријатие информираат дека се зголемува инкасирањето на повеќе финансиски средства, се растеретува службата за наплата и гужвите при паркирањето. Сега завршува 9 месечниот период и ако се споредат приходите со 2016 година ќе се согледаат подобрувањата од наплатата, напоменува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори.

„Доколку ја земеме 2016 година беа инкасирани 18 милиони денари, а оваа година за 9 месеци имаме 28 милиони денари наплата. Коефициентот на наплата покажува дека ЈП се потрудило и донесло приходи како секое претпријатие кое се бори да има поголема добивка. И ние како ЈП се стремиме кон таа цел“, напоменува Јованоска.

Во текот на изминатите месеци ЈП ги согледало и сите слабости. Тие најавуваат дека во иднина ќе бидат одстранети.

„ Видовме одредени грешки во начинот на одбележување на таблите и недостаток од табли, сите пропусти ги имаме забележано. Сите тие негативности ќе ги одстраниме за 2019 година да ја дочекаме што поспремни“ , најавува Јованоска.

Од ЈП се задоволни и од растеретеноста на сообраќајните гужви при паркирањето, но и од работата на нивната наплатна служба каде што има порелаксирана работна атмосфера и намчување на притисоците врз нивните вработени.