Skip to main content

70 семејства во социјален ризик добија хуманитарни пакети

На семејствата во социјален ризик им беа доделени социјално хуманитарни пакети. 70 семејства добија пакети со прехранбени артикли и хигиенски средства. Во текот на акцијата ОО ЦК и Локалната самоуправа  помогнале на голем број социјално загрозени семејства , а во рамките на можностите помагаат постојано.

 |  Валентина Неловска  | 

Поделени социјално хуманитарни пакети на 70 охридски семејства во ризик. Покрај овие семејства ОО ЦК и Локалната самоупрва во кампањата Недела за борба против гладта помогнале и на 250 други семејства кои имале потреба од помош на заедницата. Локалната самоуправа постојано се вклучува и ги поддржува граѓаните во ризик,, напоменува градоначалникот Јован Стојаноски.

„ Настојуваме на секаков начин колку што можеме да им помогнеме на социјално загрозените семејства. Разбираме дека ова е мала мерка, но им значи на социјално загрозените семејства. И понатака ќе ја помагаме акцијата и социјално загрозените семејства колку што ќе можеме во рамките на општинскиот буџет“ , истакна градоначалникот Јован Стојаноски.

Социјално хуманитарните пакети имаат прехранбени продукти и средства за хигиена според стандардите на меѓународната федерација на Црвен крст за да се задоволт потребите на четворочлено семејство, напомена при додлеувањето на помошта Сашо Точков , претседател на ОО ЦК.

Преку цела година се соочуваме со молби и барања на луѓе со социјален ризика кои имаат најразлични потреби од здравствен карактер, прегледи, плаќање на сметки и партиципации. Но имаат потреба и од храна и хигиенски производи. Се бориме преку цела година да ги задоволиме нивните потреби,“ истакна Точков.

Бројката на лица кои побарале помош од ОО ЦК варира и во моментов е 850 семејства. Локалната самоуправа со неколку социјални мерки ги ослободува социјално загрозените семејства од плаќање на комунални сметки кон јавните претпријатијата кој се под ингеренции на општината , а ги помага со стипендии учениците и студентите.