Skip to main content

Одбележани седумдесет и четири години од ослободувањето на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски истакна дека на овој ден ја славиме победата со надеж за подобро утре, но и го продолжуваме аманетот на нашите предци, да ја зачуваме крваво здобиената слобода.

 |   | 

Денот на ослободувањето на градот, 7-ми Ноември  одбележан со богата музичка и рецитаторска програма. Во рамки на свечената програма по повод одбележувањето на празникот се обрати градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој истакна дека почитувајќи ги традициите и не заборавајќи што ни оставиле генерациите пред нас, продолжуваме да го градиме и осовоременуваме древниот Охрид.

„Минатото нека не води до сегашноста, а сегашноста, е влог во нашата иднина. Од раните на нашите татковци и дедовци се создава нашата сила да креираме подобра иднина за сите нас. Можеби имало поубави времиња, но ова е нашето време. Да го искористиме, за да отвориме нови порти за нашиот Охрид кој ќе биде еден од најразвиентие градови во државава, пријатен дом за сите охриѓани една од најпосакуваните туристички дестинации за бројни посетители и гости“, истакна Јован Стојаноски – Градоначалник Општина Охрид.

Со едноминутен молк, беше оддадена почит кон оние кои ги положија жвитите за слободата. Пред присутните се обрати претседателот на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески, кој рече дека на олтарот на слободата на нашиот град пред 74 години останаа на вечна стража четириесетина борци. Денес на овој значаен празник ја имаме честа и задоволоството  да ја споделиме гордоста што сме заедно во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое требад а не го забораваме.

„Сега кога имаме слободен Охрид и самостојна македонска држава, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Борбата за слобода зеде многу жртви пред кои ние денес се поклонуваме и чие дело го славиме“ рече Гоце Gеоргиески – Претседател на Сојуз на Борци на Охрид и Дебрца.

Во рамките на одбележувањето на празникот беше положено, свежо цвеќе  на спомен – обележјата од НОБ, во  Спомен – паркот на револуцијата, а се одржа и панихида на спомен- обележјето на Јасна Ристеска. Свеченоста беше збогатена со богата културно уметничка програма.