Skip to main content

Продолжен терминот на саемот на книга во Библиотека „Григор Прличев“-Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата денес и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

 |   | 


НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата денес и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот. Љубителите на книгата саемот ќе можат да го посетат и во сабота од 10 до 14 часот.
Од понеделникот во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“ се одржува саем на кој лектири и белетристика може да се купи на попуст до 50 проценти.