Skip to main content

Намалениот водостој на езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем

ЈП „Водовод“ на барање на локалната ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата ја  пренасочи во каналот „Студечишта“ за да се спаси плашицата од помор.

 |   | 

ЈП „Водовод“ на барање на локалната ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата ја  пренасочи во каналот „Студечишта“ за да се спаси плашицата од помор. После апелите од екологистите и објавите во медиумите и од општината апелираат до надлежните итно да  преземат соодветни мерки за надминување на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро.

Нивото на езерото кое е на минимална дозволена кота ја загрижи локалната самоуправа. Во делот кај Студенчишкиот канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското Езеро, рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород. Од општина Охрид  со барање до Министерството за транспорт и врски да преземат соодветни мерки, со кои превентивно би се избегнале поголеми еколошки проблеми.

„Како општина, апелираме до надлежните инситуции и ја апострофираме сериозноста на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро,особено на делот на каналот „Студенчишта“.Проблемот ескалира веќе одреден период наназад, што резултираше со намален водостој во езерото и каналот, што може да има сериозни последици врз рибниот фонд“ – велат од локалната.

За да се надмине оваа состојба, локалната побарала од ЈП „Водовод“ да се исклучат пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата да се пренасочи преку Хидробиолошки во каналот „Студечишта“ за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислорот. Иако оваа количество на вода е значителна за водоснабдување на градот Охрид, Мјп „Проаква“ постапила по барањето, со цел да се спречи еколошка катстрофа.

Од Локалната стравуваат од натамошно намалување на водостојот со оглед на тоа што временската прогнозата за наредниот период не најавува врнежи од дожд. Поради тоа апелираат до одговорните инситуции за ИТНА реакција и примена на наведените мерки, за да се ублажат последиците од новонастанатата состојба.

Предходно  еколозите побараа Елем да прекине со испуштање на вода од езерото и потенцираа дека нема вода во „Билјанини извори“, а од пумпите на ЈП „Водовод“ нема дотур на свежа вода во каналот, што може да доведе до несакани последици.