Skip to main content

Охридската касарна во сопственост на Општина Охрид

Со ова конечно ќе може да почне реализацијата на проектот „Старите касарни за нов економски развој на општините“.

 |   | 

Се оствари еднодецениската заложба на охридската локална самоуправа, дел од поранешната касарна „Михајло Апостолски“ да биде препуштена  на  користење на град Охрид. На вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид, градоналникот, Јован Стојаноски истакна дека Охрид конечно го доби делот од поранешната касарна и најави дека просотриите на касарната ќе прераснат во  вистински образовен комплекс.

„Со низа проекти ќе се бориме да  ги вратиме младите во Охрид  и ќе го стопираме нивното иселување. Изминатиов период работевме на подобрување  на условите за учење во сите образовни установи во градов. Вистински образовен комплекс ќе бидат просториите на касарната „Михајло Апостолски“ кои  по долгогодишни постапки конечно се сопственост на општина Охрид. Тука ќе бидат сместени неколку образовни институции, а ќе има и други содржини“ истакна, Јован Стојаноски – Градоначалник – Општина Охрид.

Пред десетина години Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната, а со  урбанистичкото планско решение беше планирана изградба на станбено – деловен комплекс, црква, спортски терени, пробивање на улица и преместување на неколку установи од градов.

Министерството за образование и наука,го доби делот од касарната уште во 2010 година како и Министерството за внатрешни работи. Градоначалникот Јован Стојаноски неодмна најави дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“, противпожарната и уште неколку институции од градов планирано е да се дислоцираат таму. Но Стојаноски објасни дека претходно ќе се разговара со надлежните дали за нив е прифатливо ваквото решение и дали им одговара ваквата промена на локациајта. Од ТП единица уште тогаш изјавија дека оваа идеја е стара и датира уште од пред пет години. Но и тогаш и сега тврдат дека новата локација не им одговара бидејќи ќе им предизвика проблеми во нивното работење.