Skip to main content

Време е за дебата!

Во аудио-визуелната аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, насловена едноставно „Прашалник“, уредникот и водител Соња Рилкоска ќе ги спротивстави ставовите на своите гости, сите значајни претставници на општественото живеење од градов и ќе им даде можност да го потврдат и докажат својот став по однос на одредена проблематика.

 |   | 

Во аудио-визуелната аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, насловена едноставно „Прашалник“, уредникот и водител Соња Рилкоска ќе ги спротивстави ставовите на своите гости, сите значајни претставници на општественото живеење од градов и ќе им даде можност да го потврдат и докажат својот став по однос на одредена проблематика.

Рилкоска вели дека во едно демократско општество секогаш мора да има место за добра дебата. Па така, секој втор вторник во месецот, во 17:30 гледачите ќе може да уживаат во вистинска дебата за најразлични теми од општественото живеење од Охрид. Граѓаните исто така ќе  бидат вклучени преку можноста да постават прашање преку социјалните мрежи, телефон или мејл адреса.  Интересот за утрешното прво издание на „Прашалник“ огромен открива Рилкоска.

„Една година како имаме нова локална власт. Сите ги интересира, што е она што е направено, што е она што ќе се прави, кои се проблемите, кои се предизвиците. Граѓаните се интересираат за локалните проблеми и затоа ќе им дадеме простор, токму во оваа емисија да се одговорат и нивните прашања, но и да се каже што е она што се прави и што ќе се прави“ потенцира Соња Рилкоска, уредник и водител на емисијата.

Во формалниот натпревар во дебатата постојат правила врз чија основа се дискутираат и се одлучува за разликите, во одредена рамка или форма која одредува како ќе комуницираат. Рилкоска вели дека концептот е направен за целата прва сезона.

„Ќе мора да има и незгодни прашања, сите оние прашања кои држат место, сите оние прашања кои немаат навредлива содржина, ќе бидат пренесени, ќе ги запрашаме нашите гости, а тие ќе мора да одговараат“ вели Соња Рилкоска, уредник и водител на емисијата.

Рилкоска ги повикува граѓаните, да се вклучат со свои прашања и идеи како и со предлози за гости кои би сакале да ги видат во првата сезона на „Прашалник“, со спротивставени ставови на теми на кои сакаат да се дебатира.