Skip to main content

Груевски во Будимпешта, бара политички азил

На фејсбук-профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница заради издржување на двегодишна затворска казна, се појави порака дека тој е во Будимпешта и дека побарал политички азил од унгарските власти, откако последните денови добивал закани по живот.

 |   | 

Засега не се знае дали профилот на Груевски е хакиран или навистина тој самиот ја напишал пораката.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти.

Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува во пораката на Фејсбук.