Skip to main content

РК Охрид го пречекува битолски Пелистер

Утре во СРЦ „Билјанини Извори“ Охрид го пречекува битолски Пелистер во 9тото коло во Супер лигата. Ракометарите најавуваат интензивен натпревар во кој ќе се игра пожртвувано за бодовите да останата во Охрид.

 |   | 

Во 9тото коло од машката ракометна суперлига РК Охрид го пречекува битолски Пелистер. Според израмнетата бодовна состојба на табелата станува збор за своевиден дерби натпревар. На победникот ќе му се олесни понатамошниот тек на сезоната и влегувањето во плеј офот.  Според атмосферата која се создава на натпреварите кога Охрид се среќава со битолскиот клуб не очекува интензивен натпревар. Ќе играме пожртвувано, победата е многу важна за Охрид и бодовите ќе останат тука, вели поранешниот играч на Пелистер Дарко Георгиевски, кој за РК Охрид игра на позициите лев и среден бек.

„Пелистер е екипа , после Вардар, со најголем број на странци. Предводена од еден стратег како Јошко Петковиќ се сериозна екипа и сигурен сум дека утре доаѓаат по бодови.  Ќе ни биде мотив да се надигруваме со тој all star тим на странци кој што го има Пелистер. “– изјави  Георгиевски

Одбраната е најголем адут на РК Охрид во досегашните натпревари во првенството. Се надевам така ќе биде и против Пелистер и дека нема да примиме многу голови, кажа голманот на Рк Охрид, црногорецот  Брауновиќ.

„Атмосферата во екипата е одлична. Ние помладите играчи сме поддржани од постарите играчи и од управата.  Ја повикувам публиката да дојде во што е можно поголем број да не поддржи и повик до Рибари кои се наши најголеми навивачи. “– Јагош Брауновиќ – голман.

И спортскиот директор Недески ги повика рибарите на утрешниот меч.  Откри дека клубот не ја обжалил паричната санкција од 60 000 денари од РФМ за инцидентот во Прилеп во кој полицијата ги  острани од салата навивачите од групата „Рибари“.

„Во соработка сме со рибарите. Се координираме. Мислам дека тоа што се случи во Прилеп не треба  да остави никаква трага врз понатамошното функционирање  и на клубот и врз понатамошните односи со самата навивачка група. „ – Горан Недески – спортски директор РК Охрид

Натпреварот меѓу Охрид и Пелистер ќе се игра утре (среда) со почеток во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ .