Skip to main content

Се брендираа охридските туристички водичи

Истовремено денеска беше ставен во функција туристичкиот инфо центар во центарот на Охрид. Три години после неговото поставување, објектот ќе је оправда својата намена.

 |   | 

Со средства од програмата за развој на туризмот од општина Охрид, стартуваше проектот за брендирање на оваа туристичка служба во градот. Регистрираните туристички водичи, со опремата којашто ќе ја добијат ќе бидат вистински репрезент на градот.

„За таа цел беа набавени и изработени маички и чадори на кои што се ставени инсигниите и ознаките на Општина Охрид, здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид УНЕСКО, секако Охрид како поднебје под заштита на УНЕСКО, меѓу 33 места во светот кои се сметаат за исклучителни во културата и природата“, вели Климент Наумов, претседател на здружение на туристички водичи „Кеј” Охрид.

Наумов вели дека станува збор за проект кој дополнително ќе се развива, проект кој ќе помогне да се реализираат голем број идеи за подобра туристичка служба во Охрид како туриситички центар. Ѓоко Апостолов од Секоторот за ТЛЕР при Општина Охрид вели дека конечно со овој проект ќе имаме унифицираност во овој сегмент на туристичкото работење.  

„Ќе имаме една унифицираност во овој сегмент која реално ни беше потребна, од аспект што на овој начин ќе бидат избегнати или поелсно лоцирани сите оние не регистрирани или Т.н. диви водичи“, објаснува Ѓоко Апостолов – сектор ТЛЕР Општина Охрид.

Истовремено денес беше ставен во функција туристичкиот инфо центар во центарот на Охрид. Три години после неговото поставување, објектот ќе је оправда својата намена. Објектот нема да има комерцијална намена, ќе служи за промоција на туриситичките содржини кои ќе им се нудат на гостите, а со него една година ќе управува здружението „Експолорер“.

„Оттука секој турист треба да ги добие сите оние потребни информации како за сместувачки капацитети и ресторани, безбедност на планина, еднодневни тури, тури коишто ќе бидат комбинација од овие девет активности кои ги нудат членките на ова здружение“, кажа Димитри Димитров – претседател „Експлорер“.

Инаку главната цело на здружението „Експлорер“ ќе биде промоција на се она што националниот парк „Галичица“ може да го понуди на туристите.