Skip to main content

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија. Жителите, екологистите,  градоначалникот нема да дозволат изградба на депонија која ќе  го загадува сливното подрачје на Охридското езеро. Меѓу 12 локации кои биле лоцирани е и напуштениот рудник за лигнит Осломеј кој се смета за најсоодветна локација за регионала депонија во Југозапaдниот плански регион.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија.

„ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова локација наведени се уште 12 други локации покрај онаа во атарот на село Годивје“ , посочува Ногачески.

Охридските еколози се противат на изградбата на регионална депонија во Дебрца. Тие напоменуваат дека депонијата во овој еколошки чист предел би била сериозен еколошки удар на сливното подрачје на Охридското езеро. Во месец мај од Охрид СОС до Управен суд во Скопје вложиле жалба против решението за изградба на регионална депонија. Иако се пробиени сите рокови Управниот суд сеуште не се произнесол по нашата жалба, вели Трајче Талески од Охрид СОС.

„Сега се прават напори да се убедат општините да го прифатат решението за изградбата на депонијата. Почна да се презенира проектот за враќање на Сатеска во старото корито во Дрим, со изговор дека нема да се влева во Охридското езеро. Но, проектот тешко може да се реализира и Сатеска да се врати во старото корито особено заради тоа што се потребни многу пари“, подвлекува Талески.

Жителите од Дебрца, категорични се против изградбата на регионалната депонија во атарот на селото Годивје. На локацијата каде што се планира изградбата на депонијата веќе се гради црква Св Вартоломеј на црковно земјиште. Иницијативата на жителите била уште пред да биде таа локација посочена за депонија, напоменува Никола Стојаноски претставник од црковниот добор. Стојаноски укажува дека државата нема сопствено земјиште каде што се планира изградбата на депонијата.

„ Црквата е на 4000 метри квадратни место и е на црковно место. 50.000 метри кавдратни е приватно земјиште. Нема државно земјиште и не верувам дека ќе дзоволат жителите да се гради депонија, појаснува Стојаноски.

Минатата година заедно со паралментарните избори дебрчани на рефередум кажаа не за регионалната депонија. Доколку државата не ја испочитува нивната одлука најавуваат преземање на порадикални мерки против изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје.