Skip to main content

Здравевски: Нема трага од современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ и Стојаноски

Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски., обвини денеска на прес конференција , Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот, констатира  претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Здравевски.

„На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор. Каде се ветените детски игралишта во Центар и Коњско?“ – јавно праша Здравевски.

Постојните детски игралишта се во лоша состојба, а нема никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“, ниту пак реконструкција на детското игралиште кај „Стобекс“ во Видобишта.

„Наместо нови детски игралишта, спортски терени полни со деца и младинци имаме оштетени реквизити, насекаде може да се забележи отпад, како и неискосена трева. Апсолутно никој не се грижи за нивното одржување.“ – кажа  Здравевски.

Создавањето услови за спортување и правилен физички развој на младите треба да бидат врвен приоритет за секоја власт,потенцира  Здравевски и обвини дека  СДСМ и Стојаноски  воопшто не се грижат за интересите на младите.