Skip to main content

Локална: Ќе ги направиме игралиштата и, за да има кој да игра на нив, ќе ги вратиме младите

Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во вашата партија, процеси кои се директна послeдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминали, стои во реакцијата на општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

 |   | 

Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во вашата партија, процеси кои се директна послeдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминали, стои во реакцијата на општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Ви ветуваме дека тоа нема да Ви помине. Ова е само детски и неодговорен обид за маскирање на она што веќе не може да се крие. Премал е тепихот, почитувани колеги од ВМРО-ДПМНЕ, под кој се обидувате како и секогаш до сега, кукавички да ги криете криминалите, непотизмот и одмаздите од најдолен вид. Ние се фативме храбро очи во очи со проблемите. Да, ги има проблемите. Да, направено е многу, но треба уште повеќе. Но, дали воопшто може да се спореди со времето кога Вие раководевте со градот, дали може да го спомнете спортот, а во исто време да знаете дека Вие имавте „омилен спорт“, кој го одбравте, а другите нели не ве интересираа. Ние ќе ги направиме игралиштата, но многу повеќе ќе направиме за да има кој да игра на тие игралишта. Да ги вратиме младите кои заминаа и да ги задржиме оние кои останаа. Тоа се истите оние кои заминаа, затоа што 12 години не гледаа овде надеж, не гледаа иднина“, реагираат од локалната.

Тие ги прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ дали заборавиле дека почнувајќи од 2006 година, пред секои избори, со лопатите в раце фрлале камен темелници на фискултурните сали во ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Кочо Рацин“ и во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

„ На учениците на кои им ги ветувавте овие фискултурни сали, сега поголемиот дел од нив се родители. Исто така, немојте да заборавате дека ветивте изградба на пет фудбалски игралишта. Не направивте ниту едно. Само за Ваша информација, деновиве конечно со макотрпна работа, завршени се сите технички процедури и е добиено решение за градба на фискултурната сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Исто така, за Ваша информација, како никогаш до сега, во буџетот за 2019 година на општина Охрид, за оваа намена се планирани рекордни 22 милиони денари„.-  стои во реакцијата.

Само во оваа година се изградени детско игралиште во Горно Лакочереј и  фудбалски терен и соблекувална во Долно Лакочереј. Реактивиран е ГФК „Охрид Лихнидос“ кој  е на прво место во третата лига југозапад, а се постигнуваат високи резултати во ракометот и кошарката.Се организираат маратони, трчањето е во подем како никогаш досега, се организираат ревијални кошаркарски натпревари во спортската сала која е со реновиран паркет и се организираат бројни други спортски настани,потсетуваат од локалнатасамоуправа.