Skip to main content

Нелојалната конкуренција проблем за македонските туристички водичи

Во Охрид има регистрирани 150 туристички водичи. Но не сите од нив се занимаваат со оваа туристичка дејност.

 |   | 

Во Охрид има регистрирани 150 туристички водичи. Но не сите од нив се занимаваат со оваа туристичка дејност. Нелојалната конкуренција си го прави своето. Во Охрид после три години ставен во фиункција информативниот туристички центар во самиот центар, потег со кој локалната самоуправа сака да и зададе сериозен удар на нелојалната конкуренција.

Од здружението на туристички водичи се надеваат дека со отворањето на инфо центарот во    Охрид ќе и зададат сериозен удар и на нелојалната конкуренција која сериозно и се заканува на оваа служба, дека повеќе нема да има влечење на туристите по плоштадот и чаршијата од страна на т.н. диви водичи и дека Охрид ќе го добие она што го заслужува, а тоа е  функционална инфо точка каде туристите ќе може да ги добиваат сите потребни информации, објаснува Димитри Димитров – претседател „Експлорер“.

„Време е туристите на град Охрид да ги запознаеме со некои нови форми на туризам, а и туристите на светско и европско ниво се повеќе ги бараат овие активности. Втора наша цел ќе биде пред се борба со нелојалната конкуренција које се повеќе ја има во Охрид и во Македонија. А Охрид ќе го впишиме на мапата на градови кои располагаат со инфо поинт, кој Охрид искрено го заслужува“ кажа Димитри Димитров – претседател здружение „Експлорер“.

Туристите сакаат квалитетни услуги и актуелни и богати содржини. Со зголемување на бројот на туристи од најразлични земји се зголемува и интересот за изучување и на други странски јазици освен англискиот и германскиот од страна на туристичките водичи. Климент Наумов од здружението  на туристички водичи „Кеј“, како пример го посочи и зголемувањето на бројот на туристи од Естонија, што во иднина ќе придонесе од потреба за изучување и на овој јазик.

„Секако има регистрирани седум туристички водичи на холандски јазик, секој си е активен во одреден и определен простор. За жал само тројца од нив се активни за културни тури, она што значи разгледување на стариот дел на градот и прошетка до Св. Наум, останатите се претежно за планински тури, за рурални средини“, рече Климент Наумов – здружение на туристички водичи „Кеј“ Охрид.

Преку неодамнешното брендирање на регистираните туристички водичи, многу полесно ќе може да се регистрираат таканаречените диви водичи. Инфо центарот беше изграден како дел од „Waternet“ проектот, а со него една година ќе раководи здружението на граѓани од Охрид „Експлорер“.