Skip to main content

Анѓушев: Евентуалната промена на името нема да значи промена на имињата на производите

Евентуалната промена на името нема да значи промена на имињата на производите, истакна Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

 |   | 

Евентуалната промена на името нема да значи промена на имињата на производите, истакна Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски пак, со став дека станува збор за прашање кое ќе се следи и кое генерално ќе ја опфати целата економија.

Дали евентуалната промена на името на државата ќе ја наметне потребата од ребрендрање на македонските производи? Вицепремиерот за економски прашања на РМ, Кочо Анѓушев вели дека потреба од ребрендирање нема да има.

„Мислам дека договорот е јасен, дека зборот македонски во сите производи кои се произведуваат во Република Македонија ќе остане и понатаму. Значи нема да има потреба од ребрендирање“, рече Анѓушев.

Во врска со ова прашање пак, Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели дека доколку е потребно, ќе им пружаат подршка на земјоделците во тој дел.

„Ќе следиме. Тоа е прашање кое што генерално ќе ја опфати целата економија. Ние сме целосно насочени да даваме континуирана системска и целосна подршка на земјоделците и нашиот фокус како што гледате се нови мерки и политики кои ќе дадат раст во земјоделството. Ние на секој начин ќе го подржуваме секторот кој е основа на македонската економија“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Тасос Ханиотис, генерален директор за земјоделство во Европската комисија, на министерската коференција за земјоделство пред шефовите на делегации од Југоисточна Европа, зборуваше за заедничката земјоделска политика и политиката за рурален развој на ЕУ  не сакаше да се дискутира за конкретни политички прашања.

„Тоа е нешто за што вие ќе треба да одлучите кога ќе се случи. Не дојдов за да дискутирам за конкретни политички прашања и не е тоа во мој домен, тоа сепак зависи од вас“, рече Тасос Ханиотис, генерален директор за земјоделство во Европската комисија.

Во Македонија моментално се заштитени 42 ознаки на потекло, од кои пет се заштитени и меѓународно а тоа се: охридскиот бисер, македонскиот ајвар, две врсти на вина и кочанскиот ориз. Денес во Струга се одржа 12-от работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисочна Европа на кој домаќин е макердонското министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.