Skip to main content

Atlas World и игротека Вања ќе приредат куклена претстава за најмладите

Образовниот Центар Atlas World  кој 4 години преку интересни образовни активноти и креативни содржини работи со деца на предучилишна возраст подготви куклена претсдтава за охриѓанчиња.  Куклената претстава ќе се одигра во Игротека Вања во комплексот Кам Вилиџ утре, со почеток во 18 часот и 30 минути.

 |   | 

Образовниот центар Atlas world во соработка со игротека Вања ќе приреди куклен театар за најмалите охриѓанчиња. Идеата е на вработените во Центарот за работа со деца на предучилишна возраст Atlas World кои имаат музичко катче и куклен театар како вон наставни активности. Децата од најрана возраст треба да бидат изложени на одбрана квалитетна уметничка музика. Преку игра и музика учиме вештини и кај децата се развива координација на слухот со движењата , свириме на детски музички инструменти, го анализираме она што го слушаме , сето тоа прилагодено на возраста на децата, вели Снежана Караџовска  Попова  која е музички едукатор во Atlas World.

„Решивме да промовираме во нашиот град куклен театар како нешто ново и интересно и се надевавме дека ќе привлечиме внимание и бевме во право. Почнавме да одржуваме претстави тука во Центарот Atlas World секоја втора сабота во месецот и наидовме на позитивни коментари, задоволни родители, насмеани дечиња, така што сега имаме покана да бидеме гости во игротека Вања. “ – Снежана Караџовска  Попова – музички едукатор

Дечињата во центарот покрај музиката и куклениот театар имаат и низа други креативни работилници. Се изучуваат странски јазици , Англиски, Германски, Албански, Турски, се учи и математика и сето тоа прилагодено за предучилишна возраст од 3 до 6 години.

„Децата кои се на предучилишна возраст тука се на целодневен престој. Држиме разни активности со нив . Тука се од 8 до 16 часот. Имаат активности кои се интересни за нив , најмногу преку игра. “-Ирена Талевска – воспитувач предучилишна возраст.

Образовниот центар Atlas world работи во моментов со околу 40тина деца на предучилишна возраст од 3 до 6 год и деца помали од 3 години. Работиме со мали групи од по 15 дечиња со цел да се посвети поголемо внимание на секое дете и да се работи на развивање на нивната вродена надареност, вели Семра Аџи Мустафа – магистар за работа со талентирани деца.  Центарот постои 4 години и постојано ја збогатува програмата со нови едукативни содржини.  

„ Интересот за Центарот постојано расте. Во соработка со Сузана Маркос и целиот колектив тука воведува некои нови содржини, нешто ново во градот со цел децата да ги оттргнеме од компјутерите, мобилните телефони, лаптопите . Целта е да ги ангажираме со низа едукативни содржини, низ игра,  како што е примерот со куклениот театар. “ – Семра Аџи Мустафа.

Atlas World се наоѓа на ул Даме Груев наспроти старото кино а куклената претстава ќе се одигра во Игротека Вања во комплексот Кам Вилиџ утре, петок, со почеток во 18:30 часот.