Skip to main content

ЕКИПИ НА „НИСКОГРАДБА“ СО АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИТЕ „СПАС БАНЏОВ“ И „ГАЛИЧИЦА“

Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните  служби  за одржување на канализационата и атмосферска  мрежа  при ЈП  „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење  и профилактика на цевководи и шахти  на ул. „Спас Банџов“.

 |   | 

Екипи на ЈП „Нискоградба“  изведуваат  градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува  површина со бехатонска подлога   од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како  и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.