Skip to main content

Здружението на Директори на ученичките и студентските домови бара зголемување на државната партиципација за учениците и студентите

На средбата меѓу Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов беше разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата.

 |   | 

На средбата меѓу Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов беше разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата.

На средбата исто така присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, министерството за финансии и министерството за информатичко општество.
 
За 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 %. Оваа сума ни одблиску не ги покрива  трошоците околу сместувањето на учениците/студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и 8 студентски домови.

Дополнително Здружението на Директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Здружението на директори на ученичките и студентските домови работат на подобрување на условите во домовите. Затекнатите состојби сепак се на незадоволително ниво па наместо за нови инвестиции се исплаќаат долгови. Наша цел е учениците и студентите да имаат соодветни услови за стекнување на своето образование.  Здружението на директори на ученичките и студентските домови секојдневно работи за остварување на тоа.