Skip to main content

Охрид се подготвува за врнежите од снег

„Охридски Комуналец“ започна со реализацијата на Програмата за зимско одржување. На повеќе локации  депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи.

 |   | 

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комунале“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.
 
На повеќе локации  депонирани вреќи со сол и ризла кои службите на јавното претпријатие и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ ( бараки), с.Елшани , с.Долно Коњско и по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид.

Истовремено Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа со акција за подигање на зелен отпад во У.з.14„Радојца Новичиќ“. Со акцијата е опфатено поширокото подрачје на оваа урбана зедница и заради обемноста акцијата за подигање на  зелениот отпад од уредување на градини и дворови ќе трае и во наредните денови.