Skip to main content

РК Охрид в недела против Пролет без Славиша Димитриески и Дарко Георгиески

В недела охридските ракометари во салата Билјанини извори ќе го наплатат долгот од скопски Пролет во вториот дел од натпреварите во Супер лигата. РК Охрид во досегашниот тек од првенството има 7 победи и два порази од кои една од Пролет. Ова ни е многу важен натпревар, можеби и решавачки за влез во плеј офот, велат гладијаторите и ја повикуваат публиката да ги бодри во што поголем број. 

 |   | 

Охридските ракометари в недела  на домашен терен го пречекуваат должникот скопски Пролет. Со овој натпревар започнува вториот дел во Супер лигата во кој РК Охрид влегува со 7 победи и 2 порази. Екипата на Пролет е составена од млади играчи кои играат заедно веќе 10 години. Првиот натпревар го игравме на гости и изгубивме затоа што не бевме се уште добро уиграни, вели бекот Златко Везенковски.

„Се надевам на еден добар натпревар. Бодовите да останат во Охрид. Ја поканувам публикаа да дојде во што поголем број, повеќе од натпреварот со Пелистер затоа што ова ни е многу важен натпревар, можеби решавачки дали ќе играме плеј оф.“-  Златко Везенковски, бек РК Охрид

Везенкоски кој пред 10 години играше за Охрид вели дека разликата во ракометот од тогаш до денес е многу голема.

„Играчите самите признаваат дека во Охрид е жежок теренот. И сите на охридскиот ракомет гледаат со почит. “

Младиот Дарио Симоноски со одлична игра против Струга и Пелистер ја оправдува се поголемата минутажата на теренот.

„Тоа е одлука на тренерот. Јас сум релативно млад играч. Досега не сум имал вакви подготовки и тренинзи. Не сум бич во ваков клуб со толку добра организација од стручниот штаб. Искусните играчи ми помагаат и во одбрана и во напад па веројатно тоа е и тајната на успехот. “– Дарио Симоноски-пикер

Oхридскиот клуб ќе биде драстично ослабен откако дисциплинската комисија на РФМ ги казни Славиша Димитриески и Дарко Георгиески со еден натпревар неиграње поради инцидентот кој се случи на крајот на првото полувреме на дербито со Пелистер. Неспортските случувања се зад нас и не треба да остават дамка врз тој фантастичен натпревар кој охридските ракометари го добија со 25-22. Граѓаните препознаа дека РК Охрид е успешна приказна и се бара карта повеќе за натпреварите, вели спортскиот директор Горан Недески.

На почетокот императив ни беше да го обезбедиме опстанокот на клубот. Меѓутоа се создаде добра атмосфера. Екипата игра одлично. И ќе ја искористиме секоја можност да обезбедиме место во плеј оф. Втората цел беше да ја вратиме публиката во сала.“ -Го Недески.

Дуелот со Пролет охридските ракометари ќе го играат в недела во 19 часот  а цената билетот за влез во салата Билјанини извори изнесува 50 денари.