Skip to main content

ОПШТИНА ОХРИД СО ПОМОШ НА ФФМ И УЕФА ЌЕ ГИ РЕКОНСТРУИРА ТРИБИНИТЕ НА СТАДИОНОТ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“

Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и  УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.

 |   | 

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.Во рамките на истата програма за развој, ќе се реконструираат и трибините на стадионот „Чаир“ во Скопје.