Skip to main content

20 години стоматолошка ординација “ШУМЕНКОВСКИ“

Насмевката е Вашиот најубав моден детал – 20 години стоматолошка ординација “ШУМЕНКОВСКИ“

 |   | 

Приватната здравствена установа “Шуменковски“ деновиве одбележува две децении постоење, развој и континуирано вложување за здрава и убава насмевка на своите пациенти.
Стоматолошката ординација “Шуменковски“ е основана 1998 година во Струга и сместена е во строгиот центар на градот. Две години подоцна во склоп на ординацијата почнува со работа и рентген кабинет опремен со апарат за интраорално и панорамско снимање.
Во чекор со новите научни достигнувања цели 20 години на најпрофесионален начин се грижат за оралното здравје и подигнување на оралната свест кај пациентите. Спојот на квалитет и традиција во пријатен и модерен кабинет нудат можност секој да се чувствува удобно и сигурно. Личниот пристап за секој пациент како и широката палета на услуги што ги нуди докторскиот тим гарантираат најдобар можен третман прилагоден на потребите, желбата и можностите на секој пациент. Грижата на забите на најмладите пациенти е приоритет на кој максимално се посветуваат за посетата на стоматолог да претставува пријатно искуство.
“Здравата насмевка има голем удел во успехот на приватниот и деловниот живот на секоја личност, а наша задача е Вашата насмевка да ја направиме прекрасна и уникатна која одговара само на Вас“ – велат од Стоматолошката ординација “Шуменковски“